Шаќири: Учебната години ја стартуваме поподготвени

Од:

Оваа учебната година ја почнуваме поподготвени од изминатите, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Интензивно се работеше на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието подготви интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници. Тие со во различна фаза на одобрување, а за да имаат учениците од што да учат, подготвени се материјали за учење за првото тримесечје. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на денешната прес конференција, на која говореше за активностите кои МОН досега ги има преземено и за понатамошните планови.

– Министерството за образование и наука сработи навистина многу во насока на исполнување на визијата за национален образовен систем кој ќе нуди квалитетни образовни услуги за граѓаните во сите негови сегменти. Сите активности беа реализирани во таа насока и се посвети подеднакво внимание како на основното и средното образование, така и на високото и науката, рече Шаќири.

Во изминатиот период, потенцираше министерот, со СОНК е постигнато историско покачување од 15 проценти покачување на платите на наставниците за 15% кое ќе почне да се исплаќа со исплатата на септемвриската плата.

– Со нашиот партнер СОНК имаме уште многу заедничка работа во следниот период, а тоа е дефинирање и потпишување на нови колективни договори за основното и средното образование, како и дефинирање на низа заеднички мерки и политики за подобрување на квалитетот во образованието во иднина, додаде министерот.

Шаќири во своето обраќање истакна дека буџетот на МОН за инвестиции во инфраструктурата веќе втора година по ред изнесува над милијарда денари, што претставува зголемување за 2,5 пати повеќе од пред 2 или 3 години.

– Во текот на летниот период заврши реконструкцијата на низа училишни објекти, односно на тоа што беше наследено како тековна активност, а уште 20тина во моментов се реконструираат. Се градат неколку нови училишни објекти. Градиме и две нови спортски сали, а уште неколку ќе започнат со градба наскоро, изјави министерот.

Тој, се осврна и на ангажирањето на образовни асистенти за учениците со атипичен развој, чија бројка оваа учебна година ќе изнесува 720.

– Во делот на науката, имаме буџет од 218 милиони денари само за проекти на јавните научни и високообразовни установи и за нивно опремување со лабораториски ресурси. Ова во минатото не постоеше, а сега веќе е направен крупен чекор за поддршка на научно – истражувачките работници. Во високото образование е потребна поголема координација со автономните установи и јас ќе направам се што е во моја моќ да видиме подобри резултати на светските ранг листи со универзитети, изјави Шаќири, додавајќи дека е ревидиран Законот за студентски стандард и за субвенциониран студентски оброк за поддршката да дојде до сите кои навистина имаат потреба, а истовремено е продолжено и доделувањето на стипендии за студенти што ќе се запишат на некој од најдобрите светски универзитети – рече Шаќири.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците