Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Од:

Докторот Зекирија Шаини на денешната прес-конференција во Куманово ги отфрли како неосновани и невистините тврдењата дека зад неговиот случај стои неговата сопруга Арјета Ајдини и побара од истражните органи итно да ја расчистат ситуацијата и да го откријат вистинскиот осомничен за случајот. Шаини во изјавата за медиумите кажа дека нема информација и сознанија за „мотивите за атентатот“ и е подготвен за соработка за целосна разрешница на случајот.

Шаини беше застрелан на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во центарот на Куманово пред три дена околу 14 часот. Тој рече дека по информациите пренесени од органите, преку социјалните мрежи и медиуми, чувствува морална и професионална обврска, јавно да реагира и да ја информира јавноста.

Шаини рече нема информација и сознанија за мотивите за „атентатот“, дека како претходно објавил на социјалните мрежи и по неговата првична изјава пред истражните органи, и денес пред јавноста, нема нерасчистени сметки со никого, никому не го загрозил животот, приватност или нешто друго.

– Целосно го отфрлувам како неосновани и невистинити тврдењата дека за ова стои госпоѓата Арјета Ајдини, затоа барам од истражните органи под итно да ја објаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а посебно имиџот на г-ѓата Ајдини. Овој случај за жал се претставува со јасна намера за дискредитација на мене и моето семејство како и за создавање збунетост и заблуда во јавноста. Барам од истражните органи, на редот, апелирам до нив да се зафатат со откривање на вистинскиот осомничен за случајот, а не настанот да го прикажат како семејна расправија или недоразбирање, бидејќи доколку навистина ќе беше така како што се престасува во јавноста, јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа. Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со нашите ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане, рече Шаини.

Тој ги замоли медиумите во интерес на точно, објективно информирање и во духот на почитување на професионалните и етичките стандарди на новинарството, да го објават ова објаснувањето, го повика органите на прогонот да продолжат со откривање на вистинскиот сторител на овој чин, укажувајќи дека стои располагање секогаш кога ќе биде потребно да помогне за расчистувањето на случајот, бидејќи лично е заинтересиран случајот што побрзо да добие епилог и вистината да излезе на виделина.

-Апелирам до политичките субјекти, да не брзаат со изјави да не го користат овој случај за политички поени, особено во овие моменти на кампања за локалните избори, рече Шаини.

Одговарајќи на новинарски прашања за кривична пријава против сопругата која му испраќала заканувачки пораки, Шаини рече дека се што имал прочитал и кажал и повтори дека стои на располагање на ОЈО, МВР, судот.

– Ви благодарам што дојдовте, ако имам потреба ќе ве викнам за да се разјасни целата ситуација, не кријам ништо, за што бев животозагрозувачки, не кријам и не сакам да заштитам никого. Ќе одиме до крај за да се разјасни работата. Ја ќе продолжам со главата горе, од никого не се плашам, зашто лошо никому немам сторено ќе се појавам на митингот вечерва се што кажав, кажав-ќе прочитаат меѓу редови, изјави Шаини.

Од ЈОРСМ денеска информираа дека денеска е доставена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот.

– Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат. Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија, информираа од ЈОРСМ.

Од обвинителството објаснуваат до овој момент ова е единствена пријава.

– Индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат, додаваат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Горан Наумовски