Шахпаска: Системот на социјална заштита е ефикасен

Од:

По скенирањето на состојбата со пожарите од екипите на Центарот за социјална работа од Берово, кој е надлежен и за Пехчево и Делчево, барањата за помош на најпогодените од огнената стихија ќе влезат во системот на добивање на социјална помош. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која заедно со премиерот Зоран Заев, со пожарникарите и со граѓаните кои се справуваат со пожарите изутрината го посетија беровско-пехчевскиот крај.

-Ние сме во состојба да ги апсорбираме барањата на граѓаните и да одговориме на нив. Министерството во буџетската проекција има средства што треба да одговарат на потребите на граѓаните кога се најранливи, односно во состојба на ризик во ситуација како што е и оваа. Кај нас повикот е постојално отворен и сите кои имаат потреба се обраќаат до центрите за социјална работа, потоа се излегува на терен и се прави проценка. Дополнително имаме и други алатки кои помагаат во урегентни и акутни состојби, како што е еднократната парична помош во одреден износ, кој би им помогнал на граѓаните. Ние сме подготвени да одговориме на потребите и барањата на граѓаните, рече министерката Шахпаска.

Според Шахпаска, системот на социјалната заштита функционира, што се виде, особено во периодот на пандемијата, кога беа олесенети критериумите за влегување на граѓаните во социјален ризик. Доказ за тоа, рече таа, се дополнителните 7.500 семејства кои влегоа во системот на социјална заштита.

Би можело да ве интересира

Шахпаска: Унапредувањето на квалитетот на стручниот кадар е предуслов за квалитетно предучилишното образование​

А1он

Шахпаска: Создаваме систем, кој обезбедува навремена исплата и сигурен раст на пензиите

А1он

Средба Шахпаска-Алиа Ел Јасир, разговарале за проектот на МТСП за родово одговорно буџетирање

А1он

Средба на Шахпаска со Дервишагич од Советот на Европа: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на ромската заедница

А1он

Шахпаска: Ја повикувам локалната власт да се вклучи во обезбедување на услугата помош и нега во домот на стари лица

А1он

Шахпаска: Меѓу 65% и 75% проценти од вработените во градинките се веќе вакцинирани

А1он