Шахпаска: Податоците од пописот се неопходни за креирање на социјални и трудови политики

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски го посетија Прифатниот центар за поддржано живеење на бездомни семејства каде се изврши попис на овие лица. Во овој центар во привремени живеалишта се сместени 105 бездомни лица.

-Пописот е многу важна статистичка операција што е важна за нас како држава, за нас како Влада и МТСП затоа што врз основа на податоците кои ќе бидат добиени натаму ќе се креираат политиките кои ќе ги адресираат барањата и потребите на граѓаните. МТСП како ресор ги регрутира прашањата кои се однесуваат на пензионерите работниците, ранливите категории граѓани децата. Оттука податоците кои ќе се добијат за старосната структура на населението ќе значат сериозен придонес како Министерството ќе ги креира своите политики за изградба на установи за претшколска возраст за сместување деца во градинка и ќе ги прави проекциите за домови за стари лица, рече Шахпаска.

Таа додаде дека со пописот ќе бидат добиени податоци и за стапките на вработеност и невработеност, за квалификаците и оти согласно тоа ќе се креираат мерки и политики за намалување на невработеноста.

Директорот на ДЗС Симовски рече дека државата води сметка за најранливите категории да бидат дел од пописот, бидејќи, посочи, во суштина тие и најмногу треба да очекуваат од политиките што ги креира државата на кое било ново, дали на централно или локално ниво за да се подобрат условите за живеење на овие лица.

-Пописот ни треба за сите лица да собереме соодветни информации за креирање развојни политики во интерес на сите граѓани во државата, рече Симовски.

Тој рече дека операцијата засега се овива непречено и апелираше сите да учествуваат во оваа статистичка операција, бидејќи, како што нагласи, ни требаат податоци за креирање подобри услови за живеење во наредниот период.

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почна завчера со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски