Шахпаска: Ќе ја укинеме радиодифузната такса

Од:

– Станавме град на невработени и пензионери. Најголема смртност на новороденчиња има во Берово. Нека дојде Груевски во Малешевијата и нека им каже на земјоделците зошто килограм компир се откупува по мизерни 10 денари, а литар млеко по 16 денари, рече Јагода Шахпаска на митингот во Берово.

Во продолжение таа рече:

– Има пари за фасади, за споменици, за палми, ама нема за лекови и за инсулин.

– Време е да ставиме крај на овој режим!

– Главниот стожер на нашата програма е како младите да ги вратиме во државата.

– Го гарантираме откупот на се што ќе произведат земјоделците.

– Воведуваме бесплатно здравство за секој граѓанин.

– Ќе ја укинеме радиодифузната такса.

– Ние ќе трошиме домачински, нема да крадеме.

– На 11 декември победуваме! Бидете храбри како што доликува на Малешевци низ историјата!

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември