Шахпаска: Ја повикувам локалната власт да се вклучи во обезбедување на услугата помош и нега во домот на стари лица

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посети Здружението на пензионери во Општина Пехчево, каде разговараше за прашања во доменот на висината на пензијата и за начинот на кој таа се усогласува.

„На пензионерите им пренесов за новиот концепт на децентрализација на социјалните услуги и апелирав локалната самоуправа и источниот плански регион да се вклучат во обезбедувањето на Помош и нега во домот на стари лица.

Оваа услуга се врши преку лиценцирани даватели и веќе ја воспоставивме во 19 општини. Услугата е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка. Ние како Министерство за труд и социјална политика и понатаму остануваме да ги поддржуваме пензионерите, да им обезбедиме здраво стареење и пријатни пензионерски денови“, рече министерката Шахпаска.

Клубот на Пензионери во Пехчево брои околу 1000 членови. Своите активности ги спроведуваат во пензионерското катче кое има затворен – реновиран дел, и отворен дел за кој очекуваат дека наскоро ќе биде дограден за да им служи во летните денови.

Пензионерите го искажаа своето задоволство за предвременото исплаќање на пензиите, дури и во економска криза, и стабилниот Пензиски фонд во нашата држава.

Пензионерите ја информираа министерката дека над 70% се веќе вакцинирани, што министерката го оцени како многу значајно за периодот кој следува.

Би можело да ве интересира

Ја турнал партнерката низ прозорец во Центарот за социјални работи

Горан Наумовски

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски