Серафимовски: Очекувам да се реализира најавениот градежен бум за годинава

Од:

Претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, Андреја Серафимовски очекува годинава да се реализира најавениот градежен бум и да се вратат стапките на раст во градежништвото каков што имаше во 2014 – 2015 година.

„Се надевеме дека оваа година ќе биде една од оние години кога градежништвото беше главен креатор на БДП. Активно учествуваме во сите подготовки на законските прописи и во решавањето на сите проблеми кои не задесија минатите години. Според нашите информации најголемите проблеми се разрешени. Голем број на јавни набавки се распишаа и со нетрпение го чекаме почетокот на март да започне градежната сезона со цел да можеме да ги покажеме своите квалитети и капацитети“, изјави Серафимовски пред почетокот на Работилницата за промоција на БИМ алатката за информациско моделирање на градби.

Посочи дека предвремените избори секогаш негативно се одразуваат на сите сектори, па така и на градежниот сектор.

„Се надеваме дека нема да има предвремени избори брзо, се со цел да можеме да фатиме некој чекор зашто знаеме како ја поминавме минатата година,“ потенцира Серафимовски.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Орце Костов

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика

Народна банка: Нето надворешниот долг достигна 4,32 милијарди евра

Орце Костов

БДП со раст од 1,1 отсто во второто тримесечје од годинава

Невработеноста во првиот квартал од 2023 изнесува 13,3 проценти

Орце Костов

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти