Серафимовска: Тежината на кризата со Ковид-19 најмногу падна врз грбот на работниците

Од:

„Тежината на кризата предизвикана од епидемијата најмногу падна врз грбот на македонските работници. Веќе е очигледно дека кризата удри врз стопанството. Компаниите се пред предизвикот како да ја надминат состојбата, како да се зачуваат бизнисите, договорите, како да се зачуваат работните места, да се обезбеди плата за работниците која што ќе значи достоинствен живот за сите.

Економската криза се најавува дека ќе биде долга и болна. Македонија која што еднаш мина низ вакво искушение не смее да си дозволи уште еден колапс на економијата. Сега не смееме да дозволиме да затворат фабриките, да се загубат работни места, да запре текот на парите, илјадници луѓе да останат без егзистенција. Не смее на Кавадарци, Пробиштип, Свети Николе, Прилеп, Тетово, Велес, Куманово, Кичево, Охрид, или Скопје, да им се случи повторување на историјата и затворање на погоните“, рече Христина Серафимовска, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не смее да се дозволи да сопре времето во Штип, некогашен текстилен гигант, и тој да се врати во времето кога замреа Македонка, Селена, Астибо, а илјадници останаа без работа. Не смее да се дозволи Македонија да се врати во времето кога над 200.000 лица останаа на улица нарекувани „стечајци“. Не смееме да дозволиме епидемијата и кризата да го згасне животот.

Не е време за поделби. Време е за солидарност. Македонија има потреба од секој од нас. Заедно сме поминале кризи, искушенија, историски вонредни состојби. Заедно ќе го минеме и овој предизвик.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш била отворена за народот. Сега со акцијата “Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА” отворивме посебна електронска пошта за Вас. Испратете ги вашите предлози, идеи, проблеми, заедно ќе ги разгледаме и од нив ќе извлечеме мерки и решенија кои што ќе ги поставиме пред власта.

Време е за татковината. Затоа што Ја сакаме Македонија“, изјави Христина Серафимовска, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски