А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Септемвриските пензии ќе се исплаќаат предвреме, почнувајќи од понеделник

by А1он22/09/2020 - 20:5722/09/2020 - 20:591942
Share0

Владата на денешната седница донесе одлука пензиите за септември да почнат да се исплаќаат овој понеделник, на 28 септември 2020 година, со исплата на примањата со висина до 11.000 денари. Во вторник, на 29 септември 2020 година ќе се исплаќаат пензиите во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда, на 30 септември 2020 година на оние во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во четврток, на 1 октомври 2020 година, пензиите во висина од над 18.000 денари.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за септември 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 септември 2020 година за да се обезбеди пензионерите со септемвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28 септември 2020 година во четири групи, информираа од владината прес-служба.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита, за септември 2020 година, според која податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 2 октомври 2020, по што деловните банки треба да обезбедат достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец септември преку банкомати и во трговските мрежи од 5 октомври 2020 година.

penziivlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео