Семејството на убиениот средношколец Али Јашари бара 49.000 евра отштета

Од:

Семејството на средношколецот Мухамед Али Јашари кој во 2011 година загина откако беше удрен во Средното градежно училиште во Скопје, во завршните зборови на судењето побара отштета од три милиони денари (речиси 49.000 евра).

Според обвинителот тројцата обвинети треба да бидат прогласени за виновни и соодветно казнети, бидејќи Јашари починал по удар со камен од страна на првообвинетиот, кој е во бегство. Таткото на Јашари рече дека е задоволен од текот на постапката и очекува судот да донесе правична пресуда, извести Телма.

– Обвинителот си ја работи својата работа, секој има право да се брани како што мисли дека треба или пак да лаже, но судот е тој што ќе одлучи – рече Џеват Јашари, татко на убиениот средношколец.

Би можело да ве интересира

Семејството Јашари бара отштета за убиството на нивниот син

Емир Латифовиќ

13 години затвор за Маневски за убиството на Јашари

Ана Ололовска

„Да се подигне споменик за храброто момче Јашари“

Емир Латифовиќ