Семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“ денеска повторно на протест, ја одбија поканата од премиерот за средба

Од:

Семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани.

„Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, наведуваат во писмото.

Од семејствата појаснуваат дека нивниот став не е израз на целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив.

Семејствата на на настрадените денеска повторно ќе излезат на протест кој е закажан за во 16.05 часот во Кочани.

„Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо