Семејствата на притворените за 27 април со гаранции се жалат кај народниот правобранител

Од:

Семејствата на осудените и притворени со гаранција ќе поднесат претставка до Народниот бранител затоа што при активна гаранција им бил определен притвор, а биле 4 часа заклучени во судот пред да бидат донесени решенијата за притвор, потврдија за „А1он“ некои од нив.

Пред два дена адвокатите на обвинетите за насилниот упад во Собранието реагираа на определувањето притвор за нивните клиенти бидејќи, како што пишуваат, судот не ја зел предвид високата гаранција кога ја донел одлуката за притворање до правосилност на пресудата.

„За овие обвинети за кои беше определена гаранција судијката Кацарска при донесување на решенијата за определување мерка притвор намерно или случајно ја заборави изречената гаранција. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелациоски суд им уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, која сè уште е во правна сила“, појаснија адвокатите.

Определувањето притвор го оценија како преседан во македонскиот правен систем. Адвокатите потсетија дека обвинетиот Сеад Кочан во случајот на СЈО „Труст“ имал уважена гаранција, па кога првостепениот суд го осуди на казна затвор од 6 години, токму поради вложената гаранција Кочан не беше спроведен во притвор.

Судот ги осуди на вкупна затворска казна од 211 година 16 обвинети во предметот за 27 април.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески