(ВИДЕО) Села: Заев се поигрува со нашата интелегенција, каков кадар е Дураки

Од:

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села вели дека Заев си поигрува со интелегенцијата на граѓаните со изборот на Садула Дураку за министер во новото Министерство за политички систем.

„Кој кадар е Дураку? Ако беше толку искрен во намерите за реконструкција, требаше да го смени Бујар Османи, за кого СЈО има оформено предмет. А тој, го именува Дураку со изговор „едно општество за сите“. Она што досега го видовме од Дураку се само скандалозни изјави. Тој водеше две министерства и можеше да се докаже, но ништо не ги видовме неговите капацитети. Тој е пријател на Ахмети се слушаат на телефон, а имаат и заеднички тајни за кои ние не ги знаеме“, вели Зијадин Села.

Села сметка дека од Дураку како министер во новото министерство може да се очекува само непотизам, скандали и партиски вработувања.

„Помогнавме да се формира оваа Влада, но кога видовме дека продолжуваат со нов режим, излеговме. Немаме намера да се враќаме кај нив со никоја цена“, додава Села.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он