Села: Во Македонија треба да има попис и во него графа Бугари и Грци

Од:

Во Република Македонија треба да има попис и во него треба да има графа Бугари и Грци, изјави во интервју за бугарската агенција „Фокус“ градоначалникот на Струга Зиадин Села.

– Ако од опозицијата сакаат попис треба да кажат дали се подготвени овој попис да биде вистински и со закон да бидат воведени графи за сите соседи на Македонија. Ако има Албанци, така да има и графа Бугари, Грци… Да видиме тогаш колку луѓе ќе се попишат во овие графи. Тоа е веќе стандард од ЕУ – добрососедски односи. Јас тоа го разбирам овој начин. Отвореност кон сите соседи и никој да не биде исклучен, изјави Села. Според него, на пописот во Македонија има графа Турци, а Турција е земја која не е директен сосед на Македонија, а истовремено нема графа Бугари.

Според Села, пописот е потребен и поради друга причина – да се види колкав е бројот на Македонците во земјата.

– Албанците во моментов се само бројка – над или под 20%. Тогаш наше право е да знаеме каков е бројот и на другата страна. Бидејќи бројките се нешто релативно и ако влегуваме во слични субјективни состојби, тогаш нас не интересира каков е бројот на Македонците, каков е бројот на Србите, каков е бројот на Бугарите, каков е бројот на Грците… Не може една држава, каква што е Македонија да има малцинства од две или три соседни држави, а од друга страна од две други држави да нема. Има граници и на Исток и на Запад. Нема некој ѕид на едната страна на границата, особено ако се има во предвид фактот дека 500 години сме биле под Отоманската империја, изјави Села за бугарски „Фокус“.

Извор: Супер радио

Би можело да ве интересира

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Починато бебе однесено во струшката болница

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете