Села: „Струшките вечери на поезијата“ и на албански јазик, или нема да ги има

Од:

Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села пред вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“ најави дека лично тој и општина Струга оваа година ке го бојкотираат фестивалот.

Како причина ја наведе неупотребата на албанскиот јазик на отворањето на фестивалот.

Според Села образложението на организаторот било дека свеченото отворање ќе се емитува на првата програма на националниот серис МТВ.

Села се закани доколку наредната година фестивалот не го почитува Законот за употреба на јазиците, тогаш нема да дозволат фестивалот воопшто и да се одржи во Струга.

Оваа година нема да има претставници на општината и целосно ќе биде бојкотиран фестивалот. Села бара читањето на говорите да биде двојазично, на албански и македонски јазик.

Она што јас го барав од директорот и Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата е говорот освен на македонски и англиски да биде и на албански јазик. Тоа не го прифатија со чудно образложение дека отварањето ќе се емитувало на првата програма на МТВ. Ќе барам одговорност од директорот за непочитување на законот за јазиците, а од другата година ако не најдеме решение , кое стои во законот можеби ќе спречиме да не се одржи оваа манифестација, рече Села


Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски