Села: Подготвен сум на нови избори во Струга

Од:

Подготвен сум да одам на нови избори изјави струшкиот градоначалник Зијадин Села откако никако да падне договор во Струга за формирање мнозинство во советот и избор на претседател на советот. Ова доаѓа и по обвинувањата на поранешниот градоначалник и актуелен шеф на локалниот огранок на ДУИ во Струга, Рамиз Мерко дека Села не направил ништо околу избор на претседател на струшкиот совет.

„Јас сум подготвен во интерес на Струга и стружани да одам до крај да одам и на избори за да може и советот да функционира не за мое добро туку за доброто на градот и граѓаните“, рече Села.

Села рече дека јавните обвинувања дека не бил спремен да седне и да разговара за да се формира мнозинство во советот не биле во ред и биле само обид да се манипулира со јавноста.

„Тие се цинични и се патетични изјави од страна на Рамиз Мерко. Тврдењата дека тој е спремен да се направи мнозинство е манипулација, бидејки такви тврдења имаше и пред да се закаже првата седница на советот. Вистина дека јас како градоначалник до сега сум имал средба со советниците во советот. Во иднина ќе разговарам со сите кои се заинтересирани за Струга и стружани“, додаде тој.

Струга не треба да биде мегдан каде ќе се решаваат проблемите кои постојат помеѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ во централната власт додаде Села.

„Тие нека си ги решаваат проблемите кои имаат и никако нема да дозволам мегдан каде ќе ги решаваат тие проблеми да биде Струга.Тие што уценуваат дека ние го сакаме ова или она треба да знаат дека ние не бевме во коалиција со никого на овие избори. Им порачувам на сите тие кои се дел од целата таа измислена приказна дека има проблеми во Струга со цел да си ги покријат проблемите што ги имаат, да не го направат тоа“, рече Села.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“