Села: Не сум информиран за никаква понуда за коалиција со друга политичка партија, претседателот на партијата не е орган на одлучување

Од:

Како претседател на Централното собрание на Алијансата за Албанците, до овој момент не сум информиран за никаква понуда за коалиција со друга политичка партија. Од средбите што неодамна ги остварив со шефовите на ограноците и другите партиски структури, исто така, информиран сум дека никој од нив не знае за писмена понуда врз основа на што треба да се одлучи, напиша на својот фејсбук профил Зијадин Села.

„Поединецот, во овој случај претседателот на партијата не е орган на одлучување, тој има право да предлага до органот кој има право да одлучува, а тоа е Претседателството на партијата кое во моментот има една одлука, а тоа е дека Алијансата за Албанците се натпреварува сама на изборите. Друго тело за одлучување е партиското собрание. Шверцерските тенденции на партијата за сметка на не знам кој преку Фејсбук статус е сериозно кршење на Статутот на партијата за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи. Обидите да се разјасни ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијансата за Албанците“, вели Села.

Би можело да ве интересира

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат

Разрешениот Села го разреши Таравари, сега двајцата се претседатели на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски