Села: Не сме тука да се пазариме, буџетот е проблем на Албанците

Од:

На координацијата кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски,не присуствувааше  Изет Зеќири од НДП, кој има поднесено околу 400 амандмани за буџетот.

Зеќири рече дека не присуствувал на средбата бидејќи планот на Владата бил несериозен и оти вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески јасно порачал дека ќе прифати проекти што ќе се вклопат во владините проекти.

Неговите амандмани, рече,  се однесуваат, главно, на инфраструктурни проекти во вредност  од 80 милиони евра.

Разговорите за повлекување на неговите амандмани, вели тој, може да продолжат на политичко и на експертско ниво.

На координацијата не дојде ниту координаторот на ДПА.

Ние не сме тука да се испазариме, рече Зијадин  Села, а буџетот не е проблем за македонскиот народ, како што сакаат да  го прикажат  македонските политички партии, туку пред сè, е проблем на Албанците, кои го полнат со над 30 проценти, а добиваат назад како инвестиции само на хартија 3 до 4 процентии.

Села изјави нивните амандмани за буџетот се исти како и тие од минатата година зашто, според Села, во средините каде што живеат Албанци не е направено ништо.

„Ова покажува дека ниту една инвестиција не е направена во средините каде што живеат Албанци, а со вакво делување на ДУИ додека е на власт, ве уверуваме дека и во 2014 година ДПА ќе поднесе исти амандмани бидејќи не веруваме дека ДУИ ќе ја промени улогата во владата“, изјави  Села.

Тој апелираше ДУИ да го искористи влијанието и да го реализира она што им го вети на гласачите. За него е нејасно дека ДУИ го блокира Законот за бранители, а во меѓувреме ништо не прави  да го спречи донесувањето на ваквиот  буџет,  бидејќи со него се обезбедуваат пари за реализирање на законот заа бранители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година – особено значаен сегмент се капиталните инвестиции

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Ребалансот на Буџетот за власта е неопходен одговор на новите економски услови, а за опозицијата неуспешно економско планирање –