Села: На кој начин министерот ги подели комарците по етничка линија?

Од:

Владата и ресорните министерства ја бојкотираат и игнорираат Струга, обвини струшкиот градоначалник Зијадин Села. Тој вели дека сите досегашни барања испратени од страна на локалната самоуправа, Владата не ги прифатила.

Како најсмешна ја оценува одлуката на Mинистерството за здравство и Mинистерството за транпсорт и врски,  Струга да не биде вклучена во акцијата за прскање против комарци во туристiчките места.

-Локациите се утврдени според степенот на посетеност за време на туристичка сезона. Со ова прскање притв комарци се опфатени Охрид, Дојран, Крушево, Ресен, Берово и Чешиново Облешево но не и Струга. Го прашувам Министерствот за транспорт и врски на кој начин ги има поделено комарците врз база на етничка или политичка припадност и зошто не се прска и во Струга. Ако имаме предвид кој се најзагрозени места од комарци во Охридското езеро, можам да кажам дека во Струга има многу повеќе трски од Охрид и затоа оваа акција треба да почне од Струга, рече Села.

Моето прашање до надлежните институции е на кој начин ја донесоа одлуката и на кој начин ги поделија комарците?

-Чудни се ваквите одлуки бидејки без разлика на етничкиот состав во Струга тука има граѓани Албанци, Македонци, Турици, Роми, Власи и затоа министерствата и Владата се должни за сите исто да се грижат. Јас ги уверувам стружани дека јас нема да се потпирам само на одлуката на Владата за да се реши овој проблем. Ќе одвојам пари и од буџетот на општина Струга за да го решам проблемот со комарицте, рече Села.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски