Села: Муса Џафери јајцата ги јаде варени или пржени?

Од:

Во Собранието, освен пратениците од власта кои прашуваат, а Владата се фали, прашуваат и пратениците од ДПА и од НДП.

Зијадин Села од ДПА, бараше одговор и од вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери, кој како и секогаш досега, не беше во Собранието кога се поставуваат пратенички рашања. Оттука и необичното прашање од Села, кое предизвика смеење, но и негодување од претседателот на Собранието.

„Муса Џафери, вицепремиерот за рамковен договор од ДУИ, досега никогаш не одговорил на мое пратеничко прашање, бидејќи некогаш и не бил овде на седницата за пратенички прашања, а ние сме одржале околу 10 такви седници. Па затоа мислам дека овој пат Џафери ќе се одважи писмено да ми одговори ако го прашам дали јајцата ги јаде варени или пржени“, праша Села.

Трајко Вељаноски побара поголемо достоинство од пратениците кога поставуваат прашања, но ги опомена и сите кои се смееја на прашањето на Села до Џафери.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието