Села: Имаме мнозинство за разрешување на министрите Меџити и Алиу, Таравари е повикан на утрешното партиско Собрание

Од:

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во изјава за медиумите истакна дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу.

-Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска Комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што тие го видоа како одлука на Алијансата за Албанците, рече Села.

На новинарско прашање дали очекува претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да присуствува на утрешното партиско Собрание, Села потенцира дека го поканил уредно како и сите други членови на Централното Собрание.

-Го имам покането, како и секој друг член на Централното собрание со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местото му е да дојде таму, изјави Села.

Би можело да ве интересира

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат

Разрешениот Села го разреши Таравари, сега двајцата се претседатели на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски