Села го обвини Мерко дека злоупотребил 70.000 евра

Од:

Градоначалникот на Струга Зијадин Села го обвини својот претходник и кандидат за пратеник од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко, дека во периодот кога го водел градот ја злоупотребил службената положба и во два наврати овозможил незаконска легализација на делови од Меѓународниот универзитет, со што го оштетил буџетот на општината за над 70.000 евра, објави Телма.

Тој очекува надлежните институции да го испитаат случајот и да покренат соодветна постапка против прекршителите.

Мерко, во телефонски разговор за Телма ги отфрли обвинувањата на Села како неосновани. Според него, тоа се шпекулации во функција на предизборната кампања за парламенмтарните избори. Тој рече дека е подготвен да одговори на обвинувањата доколку надлежните органи го побараат тоа, но нема да му одговара на Села.

Како што информира Телма, реагирал и Меѓународниот универзитет во Струга, од каде презентирале документи за извршена уплата кон локалната самоуправа и ги отфрлаат изнесените обвинувања како невистинити.

– Не е вистина, ние имаме уплата за легализација на секој квадратен метар по 2.100 денари цена одобрена од Советот на општина Струга која важи за цела територија на општината – истакна проф. д-р Армин Кадриу, претседател на УО на Меѓународниот универзитет во Струга за Телма.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски