Села ги повика Груби и Беџети да се повлечат од политичкиот живот

Од:

Зијадин Села, лидерот на едното од крилата на Алијансата за Албанците, кој е во коалиција со ДУИ, ја поздрави одлуката на Стејт департментот за ставање на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и на судијата Енвер Беџети на црната листа на САД, ги повика да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, и да се соочат со обвиненијата.

– Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои јавно ги осудуваа врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме одлуката на САД, најважниот стратешки партнер на РСМ и албанскиот народ. Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот и да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани, наведува Села во објавата на Фејсбук.

Индивидуалната одговорност, како што посочува во објавата, е камен темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава.

– Алијансата за Албанците и јас, како нејзин претседавач, остануваме доверлив и лојален партнер на САД, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и изградбата на владеењето на правото, напиша Села.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста