Европските интеграции се во заложништво на интересите на експоненти на Владата, истакна претседателот на Алијансата за Албанците и дел од „Европскиот фронт“, Зијадин Села при оценувањето на политичките случувања во државава во годината што изминува.
На сите граѓани им ги честиташе новогодишните празници посакувајќи им 2025-та да биде постабилна, Македонија да се најде поблиску зачленувањето во Европската Унија.
– Повеќе од јасно е и треба да бидеме отворени со вас како граѓани дека Европската Унија за Северна Македонија е единствено решение, единствен пат на кој ние треба да се движиме како општество. Сите тие што денеска зборуваат за правна држава, за борба против корупцијата, и не им е јасно дека на ваков начин немаме борба против корупција. Немаме правна држава, туку имаме политизирано правосудство во кое сме во ситуација кога се менуваат од едно влијание влегуваме во друго влијание. На сите треба да им биде јасно, а посебно на граѓаните дека ние ќе имаме правна држава колку што поблиску сме до Европската Унија. Ние ќе имаме борба против корупцијата колку што поблиску сме до Европската Унија. Ние ќе бидеме постабилна и подемократска држава, колку што поблиску сме до ЕУ и толку што побргу ќе бидеме рамноправна членка на ЕУ, рече Села.
Упати порака до Владата што побргу да ги почне уставните измени.
-Владата што побргу да ги спроведе и да ги почнеме уставните измени за да ги почнеме преговорите и наместо да земеме кредит од други држави, да земеме претпристапни фондови од ЕУ со тоа што ќе го подобриме животот и инфраструктурата на граѓаните на оваа држава. „Европскиот фронт“ е резултат на стравот дека во оваа држава ќе доаѓаат политички сили кои најавуваат дека ќе ги блокираат европските процеси. И за жал, тоа се случи. Ние сме сведоци и сме едниот од потписниците на договорот дека со ниту една политичка партија нема да коалицираме ако однапред не се прават уставните измени. И во тој документ потпишани се челниците на „Европскиот фронт“ и на Коалицијата Вреди. Од тоа заборавија на што се залагаа и поминаа на ветување дека уставните измени ќе ги има, но да ги чекаме првите 100 дена, рече тој.
Села потенцира во 2024 година грубо се газени суштинските права на граѓаните.
-Во 2024 година грубо е газено врз она што треба суштинско функционалноста на оваа држава, а тоа е легитимитетот на граѓаните, нивната волја изразена во гласови за време на избории за жал ВМРО-ДПМНЕ грубо газеше врз ова право на граѓаните, посебно Албанци, Турци, Роми и другите етнички заедници. Овој чин потоа доведе до деалбанизација на администрацијата, рече Села.
Села нагласи дека и во 2025-та ќе продолжат да зборуваат за тоа што не е добро за граѓаните и ќе поддржат се што е во интерес на граѓаните и што не доведува побргу и поблиску до Европската Унија.