Секојдневен терор врз мајката од Скопје да и се земе четиригодишното дете, парите и врските појаки од правдата

Од:

Одлуката на судијката Жаклина Доведен за одземање на четиригодишното дете од мајката од Скопје и доделување на таткото од Охрид по нивниот развод, допрва ќе стане пример за тоа какво судство не и треба на Македонија и со какви институции треба да се расчистува.

Судот во Охрид и во Битола на чело со Жаклина Доведен одлучувале најмногу врз основа на извештајот на Центарот за социјални работи од Охрид, кој не бил надлежен да дава мислење, туку тоа бил Центарот од Скопје. Но и покрај укажувањата, Центарот од Охрид продолжил да дејствува во корист на таткото, а судијата во Охрид и судијката во Битола го прифатиле нивниот извештај како релевантен за пресудата.
По ова, директорот на Центарот за социјални работи во Охрид, Игор Еленчевски беше разрешен и поведена е кривична постапка против него во декември по основ на записникот од инспекциски надзор на Министерството за социјална политика. Пријавата е за неправилно постапување по предметот во кој детето беше доделено на таткото.

Од министерстовто за А1он потврдија дека сеуште стојат на ставот дека Центарот во Охрид не бил надлежен за да прави извештај, а зошто упорно правел, а судот тоа го прифатил допрва ќе се разјаснува.

„Ве известуваме дека во однос на наведената постапка околу надлежноста на центрите за социјална работа за давање на мислење за доверување на дете во судска постапка, Министерството за социјална политика, демографија и млади останува на ставот наведен во дописите кои се доставени до Центарот за социјална работа Скопје и Центарот за социјална работа Охрид“, изјавија за А1он од министерството.

Ова значи дека судовите во Охрид и Битола, свесно, повикувајќи се на свое толкување дека е релевантен извештајот од охридскиот центар, извеле неправилни докази, а со тоа и пресуда која најверојатно ќе мора да биде вратена на повторно судење.

Второ, второстепената одлука под водство на судијката Жаклина Доведен, за која со аргументи може да се каже дека е многу непотполна и конфузна и дека ја држи едната страна е донесена така што од Советот кој одлучувал е изваден судија за граѓанско право, а назначен кривичен судија истиот ден кога и се одлучувало. Тој немал време да го види предметот, не да го проучи, а гласал. Зошто е оваа замена и како можел да гласа ваков судија тоа ќе треба да одговори пред се судијката Жаклина Доведен.

Најновиот притисок доаѓа од Центарот за социјални работи во Скопје кој врши терор секојдневно врз мајката да го даде детото. Зошто вложува толку напор и е заинтересиран вработен во центарот за овој случај, исто е тема за која ќе следува посебен напис.

„Зачудува фактот дека се прават тенденциозни напори од страна на тимот за одлучување за родителските права со тоа што претседателот односно главниот на тој тим во Центарот, врши неверојатен притисок на многу софистииран начин излегувајќи надвор од законските овластувања да биде по секоја цена земено детето од мајката и да се даде на таткото со тоа што не комуницира на начин вообичаен за управна постапка туку тоа го прави волонтерски по мобилен телефон, закажува за кратко временско растојание и тоа укажува дека ја притиска страната во интерес на таткото. Има законски начин на предавање на детето, тоа судот го прави, а не Центарот, тоа се врши во посебна постапка. Овој упорно заедно со правникот прават ден за ден, во ист ден презема дејствија саат за саат за да изврши притисок, а кога ќе закаже состанок со мајката, демек случајно се појавува и таткото на тој состанок. Во целост е надвор од општата управна постапка, тоа е трауматична постапка за дететото, за што треба да присуствуваат психолог, педагог, социјален работник, не може детето да се грабне за раката и да се носи. Има начин на предавање во присуство на стручни лица. Прво се разговара со еден родител па со другиот, изјави за А1он адвокатот на мајката, Николчо Лазаров.

А1он со име и со презиме ќе почне да ги објавува сите инволвирани во овој случај, нивната поврзаност, нивните ненадлежности во кои се впуштиле и очигледната улога што ја имале. Со име и презиме треба да бидат посочени и сите пред целата јавност кои морале досега да реагираат на ваквиот судски процес, а молчеле и не преземале дејствија.

Продолжува..

Би можело да ве интересира

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација за пожарот во Кочани

Опожарен автомобил во Бутел

Тешко повредена работничка во Кочани

Пет пациенти пуштени денеска, двајца се враќаат од Литванија и Шведска, четворица во критична состојба

Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор