Секој втор викен бесплатен превоз со железница за пензионерите

Од:

Секој втор викенд од месецот почнувајќи од јули пензионерите, односно жените постари од 62 и мажите постари од 64 години ќе можат бесплатно да патуваат со воз. Тие на билетарите ќе треба да приложат само лична карта и ќе добијат бесплатен билет со патничко осигурување.

Ова е новата мерка која Владата ја донесе на првите седници по формирањето, а која денеска пред преставниците на Сојузот на здруженија на пензионерите ја образложија министрите за труд и социјална политика и за транспорт и врски Диме Спасов и Миле Јанакиески, и директорот за АД Транспорт Оливер Деркоски.

– Мерката овозможува втор календарски викенд во тековниот месец, односно петок, сабота и недела, пензионерите, односно жените постари од 62 години и мажите постари од 64 години да го користат железничкиот транспорт бесплатно и тоа за дестинацијата која ќе ја изберат. Утре Сојузот од АД Транспорт ќе направат флаери кои ќе биде дистрибуирани до сите здруженија на пензионери со цел да се информираат како да го искористат превоз, рече министерот Јанакиески.

Министерот за труд и социјална политика по средбата истакна дека со оваа мерка дополнително се подобруваат условите за живот на пензионерите и старите лица најавувајќи дека таквата политика на Владата ќе продолжи и во иднина.

– Оваа мерка беше дел од нашата Програма, чиј рок за реализација беше јули 2015 година, но како Влада изнајдовме начин заедно со АД Транспорт како таа да се реализира побрзо. Дополнително за подобрување на животот на пензионерите е одлуката на Градот Скопје во соработка со Владата и недела да биде градскиот превоз во Скопје да биде бесплатен за пензионерите. МТСП продолжува со реализација на проекти кои се во насока на подобрување на условите за живот на овие лица, рече Спасов.

Додаде дека во септември и октомври годинава продолжува проектот за бесплатна бањско климатска рекреација. – Тогаш ќе бидат исплатени уште 1.050 пензионери, а наредната година дополнително уште 5.000 пензионери. Во 2015 година ќе започне и проектот за бесплатен викенд за пензионерите во Македонија, така што во континуирана комуникација ќе наоѓаме решенија и ќе спроведуваме проекти за предизвиците со кои се соочуваат пензионерите, рече министерот Спасов.

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргировски по средбата изрази задоволство од новата мерка и надеж дека, како што рече, успешната соработка со Владата ќе продолжи и во иднина.

– Оваа мерка ќе овозможи поголема мобилност на пензионерите. Сите пезнзионери се задоволни. Тие ќе можат да ги посетуваат своите родни краишта, но и оние кои живеат во другите градови од Македонија да дојдат во Скопје, рече Аргировски.

Ова, додаде, е дел од она за што разговаравме на денешната средба. Ќе ја продолжиме соработката со Владата за унапредување на животот на пензионерите.

Би можело да ве интересира

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Во Кавадарци бесплатниот превоз за пензионери ќе стартува од јануари

Орце Костов

Тренчевска: Со новиот пакет антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите со најниска пензија