Секој ученик ќе научи да плива

Од:

Секој ден по три часа средношколците ќе можат да пливаат во базен во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде се вклучени 10 тренери и инструктори – волонтери од Факултетот за физичка култура во Скопје, како и спасители од Црвениот крст.

Ова е дел од проектот „Пливање“ на Владата, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Градот Скопје.
Директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ истакна дека 7.000 ученици од Скопје, кои се прва година во средните училишта, во текот на цела оваа година ќе реализираат настава по спорт и спортски активности, односно пливање во овој базен.

– Има огромен процент на ученици кои не знаат да пливаат и оти со овој проект ќе се овозможи сите да научат да пливаат. Цениме дека ова е многу корисен проект затоа што првпат учениците од сите средни училишта ќе можат практично да реализираат настава по пливање – додаде таа.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан