Денес сме собрани да фрлиме светлина врз една од најголемите институционални неправди извршени врз албанскиот народ во Северна Македонија: пописот на населението во 2021 година. Ова не беше статистички процес. Ова беше политички проект, дизајниран да ги сведе Албанците на хартија, да ги избрише од статистиката, да ги исклучи од процесот на донесување одлуки, изјави Блерим Сејдиу од ВЛЕН.
Со потписот на ДУИ и техничката имплементација на СДСМ, Државниот завод за статистика беше трансформиран во инструмент за манипулација, делејќи ги Албанците на „резиденти“ и „нерезиденти“, незамислива поделба, која имаше само една цел: да ги исклучи од пресметката илјадниците Албанци од дијаспората, тврди Сејдиу .
„Нашата дијаспора, која со децении ја одржуваше економијата на оваа земја, беше третирана како невидлива, како статистички безвредна, како проблем што треба да се избегне. Но зошто? Затоа што дијаспората не можеше да биде контролирана од ДУИ. Не можеше да биде заплашена, не можеше да се купат гласови, не можеше да се манипулира. Така се роди најголемата измама на пописот: намерното етикетирање како „нерезиденти“. Ова не беше грешка, туку цинична калкулација: Колку помалку Албанци на број, толку е помала опасноста за нашата власт. Јавно прашуваме: Како е можно во Речица е на пописот да се брои само 1.653 Албанци над 18 години, додека на последните избори само за албанските партии беа дадени над 2.400 гласови?
Како е можно во село Желино да има 3432 жители и 4103 гласачи? Како е можно во село Стримич да има 1937 регистрирани жители и 2644 гласачи? И оваа ситуација продолжува и во многу други села? Дали ДУИ користела надуени списоци за да ги пополни кутиите? Или ги преместила луѓето во „светот на тајната статистика“? И како во секоја шема на измама, на крајот се додавала „црешата на тортата“: фантомска категорија, „лица за кои се добиени податоци од административни извори“. Оваа категорија не постои во ниту еден закон, но произвела над 132.000 непознати жители, повеќето од нив Македонци, додека вистинските Албанци, оние од дијаспората, биле намерно изоставени од бројките.
И конечно, Уставниот суд, пред два дена, ја поништи оваа правна измама, прогласувајќи ја поделбата „резидент/нерезидент“ за неуставна. Ова е победа за вистината и морална казна за предавниците на националниот интерес. Ние во ВЛЕН не правиме калкулации со нашиот народ. Не се плашиме од дијаспората, напротив, ние сме нејзин глас. Не ги препознаваме „добрите“ и „непожелните“ Албанци според интересите на владата. Секој Албанец има место во процесот на донесување одлуки. Нема да застанеме додека не се исправи оваа неправда, со пререгистрација на дијаспората, со нејзино вклучување во секој механизам за претставување.
Пописот од 2021 година не беше неуспех, туку ПРЕДАВСТВО. Планирано предавство, спроведено по наредба одозгора, со послушни следбеници во секоја институција. Но, денес, оваа шема пропадна. И не, ниту Соравија, ниту клановите од Речица, повеќе нема да можат да избегаат од лагата. Ви благодарам за вниманието. ВЛЕН, за правична, еднаква и целосна застапеност за секој Албанец. Јас сум со дијаспората, јас сум резидент, рече Сејдиу.