Сега веќе не можете да сметате на нашата поддршка, порака од Борисов до Мицкоски

Од:

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов бара Македонија да ги почитува меѓународните договори кои се дел од преговарачката рамка.

„Договорите, особено меѓународните вткаени во преговарачката рамка на ЕУ, треба се почитуваат. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, обраќајќи му се на премиерот на РСМ, Христијан Мицкоски, јавуваат бугарските медиуми.

Борисов изјави дека и покрај добрите односи меѓу него и партнерите во ЕУ, договорите мора да се почитуваат. Какви било толкувања не се добри за колегите од Северна Македонија“, смета Борисов.

Тој нагласи дека доколку има редовен кабинет ќе иницира средба со премиерот на Македонија.

„Без нашата и поддршката на Грција, РСМ нема шанси за ЕУ. Сега нека бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, сега веќе не можат да се потпрат на неа“, категоричен е лидерот на ГЕРБ.

ОПва е одговор на Борисов на изјавата на Мицкоски од пред два дена во врска со евентуалните нови разговори за ФРанцускиот предлог и за преговарачката рамка.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации