SEEMО: Ѓукановиќ, Груевски, Николиќ да престанат да ги критикуваат новинарите

Од:

Mедиумската организација на југоисточна Европа, SEEMO, ги повикува политичарите на југоисточна Европа да престанат јавно да ги прозиваат и критикуваат новинарите.

Несфатливо е предупредуваат, повеќе од две децении од падот на Берлинскиот ѕид, политичари и лидери на политички партии и натаму да одбиваат да ја прифатат слободата на медиумите.

„Слободата на медиумите е основа на демократијата, а политичарите мораат да живеат со критиките во медиумите. Политичарите јавно ги обвинуваат новинарите за уривање на националниот интерес, завери, навреди и врски со мафијата.

Како пример за негативен однос и непримерен говор за новинарите е лидерот на црногорската ДПС, Мило Ѓукановиќ, покажало истражувањето на СЕЕМО.

Како политичари кои не поднесуваат критики и недолично однесување, наведени се и премиерот на република Македонија, Никола Груевски, привремениот румунски претседател Крин Артонеску, новоизбраниот претседателот на Србија Томислав Николиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој се „прослави со изјавата “, дека оној кој го критикува министерството и служи на мафијата.

SEEMO ги повика политичарите да престанат јавно да ги прозиваат и срамат новинарите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми