Седумнаесет припадници на Армијата повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Од:

Сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе. Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања. Според првичните информации повредните не се во живото загрозувачка состојба.

Портпаролот на СВР- Штип, Гордана Панајотова вели дека во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите, а несреќата се случила пред седум часот. Надлежните повеќе детали за несреќава ќе соопштат во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски