Седумнаесет пациенти со симптоми на грип хоспитализирани на Детската клиника

Од:

Седумнаесет пациенти со симптоми на грип се хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести. Не се сите пациенти со компликации. Имаше две деца хоспитализирани со потешка форма на бронхопневмонија од компликации од грип. Понекогаш децата имаат болки во зглобовите, во мускулите, во коските, а едно дете е со докажан енцефалит, изјави денеска директорката на Клиниката, Наташа Најдановска Алулоска.

Посочи дека немаат пациенти со грип кои се на механичка вентилација.

Во врска со девојчето кое вчера почина на Клиниката од компликации од грип, таа рече дека тоа имало хронична болест, енцефалопатија и церебрална парализа.

– Почина со пневмонија како компликација од грип. Детето беше долги години пациент на Клиниката, а со грип беше лекувано два дена, додаде д-р Најдановска Алулоска, одговарајќи на новинарско прашање пред стручната презентација на тема „Леукемија болест што се лекува“, што се одржа на Медицинскиот факултет.

Би можело да ве интересира

Инфективна клиника: Двајца пациенти со компликации од грип во животозагрозувачка состојба, 38 хоспитализирани

Ана Ололовска

Девојче почина од грип на Клиниката за детски болести

Ана Ололовска

Епидемија на грип во Белград и во Пиротскиот, Мачванскиот и Златиборскиот округ

Расте бројот на болни од грип, од вкупно 7150 најмногу се во Струмица и Скопје

Ана Ололовска

Најдановска-Алулоска: Родителите да не се плашат од грипот кај децата

А1он

Дебар со најмногу заболени од сезонски грип