Седуммина повредени во сообраќајка на патот Тетово-Гостивар

Од:

– Околу пладне на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која повредени се вкупно седум луѓе.

Како што извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар.

-Во несреќата, возачот на „аудито” и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираше Јосифоски.

На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски