Седумдневна обука за медиумска писменост како чекор кон инклузивно општество

Од:

Вкупно 29 новинари, социјални и младински работници од Македонија, Данска, Бугарија, Грција, Летонија, Шпанија, Словачка и Италија учествуваат на седумдневната обука „Медиумска писменост: чекор кон инклузивно општество“ што до 7 ноември се одржува во Струга.

Организатори на обуката се Волонтерскиот центар Скопје и Европскиот центар за медиуми на зедниците во Архус од Данска, со поддршка на Данската национална агенција за програмата „Еразмус плус“ на Европската Комисија.

Целта на обуката, според организаторите, е креирање поголема толеранција кон културните различности низ Европа, како и развивање критички однос врз пропагандните медиумски производи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми