Седум тешко повредени во сообраќајката кај Пресека, четворица префлени во Скопје

Од:

Седум лица се тешко повредени во сообраќајната незгода што се случи утроо 9 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на планинскиот превој Пресека.

Поради сериозноста на здобиените тешки телесни повреди, на Ургентниот центар во Скопје испратени се И.А. (21) и М.С.  двајцата од Скопје, Б.С.(25) од скопското село Глумово и Д.В. од струшкото село Лабуништа. Со сериозни тешки повреди, во болницата во „Свети Еразмо“ во Охрид, префрлени се Д.А. и М.Ш. и двајцата од селото Лабуништа и Н.А. (46) од селото Глумово.  

Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило марка „мерцедес“ со италијански национални ознаки управувано од М.В.(51) од струшкото село Лабуништа кое по магистралниот пат се движело од Охрид кон Кичево и патничко возило „голф“ со македонски национални ознаки управувано од И.А. кое се движело во спротивниот правец. При разминување на двете возила, се случил судар на нивните предни леви страни.  

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител, крим техника и полициски екипи од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај од Кичево.

За време на увидот имаше мал прекин на сообраќајот а потоа физичко регулирање од полициски службеник со наизменично пропуштање на патничките и другите моторни возила.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он