Седум повредени во судар на две возила на автопатот Гостивар-Тетово

Од:

Седум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи на автопатот Гостивар-Тетово во близна на надвозникот за село Градец, информираат од СВР Тетово. Повредените се згрижени во Гостиварската болница, а повеќето по укажаната помош ќе бидат пуштени дома.

Во сообраќајката учествувале „поло“ кое го управувала П.Ф. (43) од Гостивар и „цитроен“ управуван од М.Т. (40) од Скопје.

Според првичните сознанија од увдидот кој е во тек, жената која го управувала „полото“ се обидела да избегне автомобил кој на автопатот стоел заради дефект и нагло закочила. При тоа „цитроенот“ кој се движел зад „полото“ со голема брзина го удрил во задниот дел.

Во судирот повредени се возачот и тројца сопатници во „полото“, како и возачот и двајца сопатници во „ситроенот“. Според извори од Гостиварската болница, ниту еден од повредените не е во животна опасност.

Во моментов додека трае увидот, нема прекин на сообраќајот, но се обезбедува местото на настанот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он