Седум повредени во сообраќајка на патот Езеро Младост – Велес

Од:

Седум лица од кои три девојки, две жени и две момчиња се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 12 часот на патот Езеро Младост – Велес. Сите повредени се вон животна опасност и се оставени на лекување и опсервација во Хирушкото одделение при велешката Општа болница, велат од велешката служба за Итна помош.

Како што информира за МИА Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, сообраќајката се случила околу 12 часот на патот Езеро Младост – Велес на надолнината каде се судриле две возила кои по судирот се превртиле во шанец.

– Екипи на СВР Велес се на местото на настанот и истрагата е во тек, информира Стојковска.

Д-р Василка Пановска од службата за Итна помош во Велес, информира за МИА дека кај нив сообраќајката била пријавена во 12:15 часот по што веднаш со две екипи и две возила се упатиле на местото на несреќата.

– Сите седуммина повредени се вон животна опасност. Веднаш по укажаната прва медицинска помош сите повредени ги транспортиравме во Хирушкото одделение при Велешката болници каде ги превзеде тим од искусни лекари хирурзи и ортопеди, изјави д-р Пановска.

Според првичните прегледи, додаде, повредените се со скршеници на клучна коска, болки во главата и кичмата, нагмечување на лева потколеница, а некои и со болки во вратот.
– Сите пациенти треба детално да се снимаат на рентген и детално да се прегладаат во Велешката болница, за да се види каква е нивната внатрешната состојба и дали можеби имаат и внатрешни повреди, потенцира д-р Пановска.

Во сообраќајката се повредени три девојки и две жени и две помлади момчиња. Повредените се на возраст од триесетина и дваесетина години, а има и една повозрасна жена од 40 тина години.

Од АМСМ информираат дека од 14:15 часот сообраќајот на локалниот пат Велес – Езеро Младост е нормализиран, претходно сообраќајот беше во прекин поради сообраќајката.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија