Седум повредени во сообраќајка кај Охрид, четворица префрлени во Скопје

Од:

Седум лица се повредени, од кои четири потешко, во тешка сообраќајна несреќа, што се случи доцна попладнево на влезот во Охрид.

Тој информираше дека повредените веднаш биле префрлени во охридската болница, но заради тежината на повредите, четворица од нив итно се префрлени на Ургентниот центар во Скопје.

Несреќата се случила во 16:30 минути на самиот влез во Охрид, кај таканаречената петља.

Според првичните информации, во незгодата учествувале три патнички моторни возила фиат “сеиченто“, со прилепски регистерски таблички во кое имало три лица, форд „фокус“ со охридски регистерски таблички , во кое имало едно лице и уште еден форд, истотака со охридски регистерски таблички, во кое имало три лица.

Направен е увид на место на настанот.

 

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени