Седум полесно повредени во 10 сообраќајки во Скопје

Од:

Во изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои пет се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле тројца возачи, двајца сопатници и двајца пешаци.

Пет од сообраќајните незгоди, како што информира полицијата, се со последица материјална штета.

Од страна на сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционирани се 35 возачи кои возеле без сообраќајна дозвола, пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, тројца возеле под дејство на алкохол, како и осум возачи кои користеле мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера отстранети се 72 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања со учениците од четврто одделение во ОУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба