Седум години затвор за Шапкар, за несреќата со глисерот во Охрид

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]

Христијан Шапкар, син на познатиот охридски бизнисмен Венко Шапкар по три години од глисерската несреќа во водите на Охридското езеро, денеска е осуден на 7 години казна затвор.

Охридскиот основен суд ја донесе конечната пресуда за несреќата која се случи на 22. август 2009. година кога во незгодата во која загина 39. годишната Ирина Романова Муцунска од Скопје.

Шапкар е осуден за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Трагедијата во која загина Муцинска се случи пред влезот во каналот Студенчишта во Охрид. Со едното пловило управувала Ирина, додека во другото се наоѓал охриѓанецот Шапкар, заедно со уште неколку лица, кој со својот глисер удрил во глисерот со кој управувала Муцунска. Поради силината на ударот Муцунска се здобила со тешките повреди поради кои починала.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид