Седниците на Советот на Град Скопје ќе се пренесуваат во живо

Од:

Советот на Град Скопје на наредната седница, што ќе се одржи в четврток, ќе одлучува за набавка на техничка опрема за реализација на видео пренос во живо од седниците.

– Со ова ќе почне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми информираноста на граѓаните за работата на ова тело, како и за зголемување на транспарентноста во работењето на Град Скопје, соопштија градските власти.

Со оваа одлука се одобрува набавка на опрема во вид на три професионални видео камери, осветлување, компјутерска опрема и останата техничка опрема за реализација на оваа активност.

Преносите, како што се наведува, би се реализирале на официјалната веб-страница на Град Скопје, како и на официјалните страници, канали и профили на Град Скопје на социјалните мрежи и медиуми.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски