Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за финансирање и буџет и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да биде утврдена Предлог-одлуката за разрешување на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, односно за именување на нов генерален секретар на Собранието, како и за именување на заменици на генералниот секретар.

На дневниот ред се и предлог-одлуките за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, како и предлог-одлуки за утврдување на составот на делегациите на македонското Собрание во повеќе меѓународни организации и во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Оваа Комисија треба да ја утврди и Предлог – одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции.

Комисија за образование, наука и спорт треба да се произнесе по Годишниот извештај за работата на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип за 2015/2016 година, по Извештајот за работата на ректорот на Државниот универзитет во Тетово за периодот 2015/2016 година, како и по Извештајот на ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид за работата на Универзитетот за периодот 2016 година.

Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе го разгледаат Предлогот на Завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет