А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на три собраниски комисии

by А1он20/11/2014 - 08:26117
Share0

Во републичкото Собрание за денеска се закажани седници на комисиите за транспорт, врски и екологија, Законодавно-правната комисија и на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Следете a1on на Instagram Instagram

Комисијата за транспорт треба да одржи две седници со расправи за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, во второ читање и Статутот на Агенција за електронски комуникации.

Тие точки се на дневен ред и на седницата на Законодавно-правната комисија чии членови треба да се изјаснат  и за  предлог – законот за изменување и дополнување на законите за води, за социјална заштита, за минимална плата, за јавни набавки.

Законодавно-правната комисија ќе расправа и за предлог – законите  за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје, и за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединци, за вршење работи за застапување во царинските постапки и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за придонеси од задолжително социјално осигурување и за користење и располагање со стварите на државните органи.

Следете a1on на Youtube YouTube

На дневен ред на седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците е агендата на активностите за следната година.

sobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто