Седници на три собраниски комисии

Од:

Седници денеска ќе одржат собраниските комисии за образование, наука и спорт и за труд и социјална политика.

Комисијата за труд и социјална политика денеска ќе одржи две седници. На дневен ред на првата се финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2019 година, Предлог-одлука за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2019.

Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат и Предлог – законот за практикантство и Предлог-закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, и двата во прво читање.

На втората седница е ставен Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, во второ читање.

Комисијата за образование, наука и спорт ќи го разгледа Статут на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во прва и втора фаза и Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид во прва фаза.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он