Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт и за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се измени на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Предлог-закон за приватните агенции за вработување, двата во второ читање, како и измените и дополнувањата на Законот за работните односи, во прво читање.

Членовите на Комисијата за образование и наука ќе расправаат за измени на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, измени на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, двата во прво читање, поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство, како и Предлог-закон за поддршка на млади при купување на музички инструменти, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање, во прво читање, поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство, како и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2017 година, Предлог – одлука за одобрување на Годишниот извештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2017 година, како и годишните извештаи за работата на Агенцијата за пошти, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за работата на Македонската радио телевизија за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски