Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност, како и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедницата се Предлог – одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на РМ за 2017 година, а пред Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог – законот за странци, во второ читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија, пак, треба да се изјаснат за предлог законите за изменување и дополнување на законите за лековите и медицинските средства, во прво читање, за вработување инвалидни лица, за странци и на Законот за енергетика, во второ читање. Комисијата треба да се изјасни и за барања за автентични толкувања, како и да утврди пречистен текст на закониет за инспекцијата на трудот и за минимална плата во Македонија.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски