Седници на три собраниски комисии

Од:

Седници денеска ќе одржат три собраниски комисии – за одбрана и безбедност и за економски прашања, а Законодавно правната комисија ќе одржи две различни седници.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност во второ читање ќе ги разгледуваат Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, Предлог закон за изменување на Законот за гранична контрола и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања меѓу другите се Предлог – закон за изменување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог закон за изменување на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. Законските предлози исто така се ставени во второ читање.

Законодавно-правната комисија денеска ќе ги одржи 54 и 52 седница.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги