Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за финансирање и буџет.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог-закон за ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.

Членовите на Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство, ќе го разгледуваат Предлог законот за дополнување на Законот за водостопанство, во прво читање, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет ќе се расправа по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници, и Предлог – законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, двата во прво читање.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање