Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финасирање и буџет и за транспорт и врски и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за транспорт и врски е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка во второ читање.

Комисијата за финасирање и буџет ќе одржи две седници на кои ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за експропријација, и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите по скратена постапка во второ читање, а на втората седница е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост во прво читање.

Законодавно-правната комисија, на трите закажани седници, ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за експропријација, на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трите по скратена постапка во второ читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост во прво читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка во второ читање.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски