Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република македонија денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите и за труд и социјална политика.

Како што е најавено, седница ќе одржи и Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето, на која треба да се усвои Деловникот на комисија.

Извештајот  на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, со посебен осврт на делот за родова рамноправност, е единствената точка по која ќе расправа на седницата Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Комисија за труд и социјална политика на седницата ќе го разгледува Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година во делот: Слобода на движење на работници и Социјална политика и вработување.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции